(Видео) Британец пливаше во Ормускиот теснец среде напади врз бродови


depositphotos_875388820_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот пливач Луис Пју преплива дел од 15 километри во Ормускиот теснец за да го сврти вниманието кон еколошките последици од војната во Иран. Пју, кој исто така е амбасадор за океаните при ОН, помина три дена пливајќи низ оваа витална рута за транспорт на нафта. Според неговата фондација, за време на овој потфат тој бил сведок на напади врз трговски бродови, експлозии и прелети на борбени авиони, пренесува „Гардијан“.


View this post on Instagram

A post shared by The Washington Post (@washingtonpost)

Напади за време на пливањето
Уште првиот ден од неговото пливање, ракета погоди нафтен танкер на оддалеченост од само четири километри. Вториот ден, тој забележа пламен зад еден рт – станувало збор за „Тара гас“, брод за транспорт на течен гас, кој бил зафатен од оган. Подоцна, тој поминал во близина на бродот додека тој сè уште горел.

„Прво помислив на поморците што беа на бродот“, изјави Пју. „Пламените јазици беа огромни. Овие бродови превезуваат високозапаливи гасови, а напад врз нив би можел да има катастрофални последици – не само за екипажот, туку и за морската животна средина.“

„Војната предизвикува огромно човечко страдање. Се губат животи, се растураат семејства, а домовите, болниците и училиштата можат да исчезнат за само неколку минути“, изјави тој.

„Сепак, постои уште една жртва на која ѝ се посветува премалку внимание: самата природа. Штетата нанесена врз животната средина може да трае долго откако ќе престанат борбите.“

Во текот на целото пливање, мал тим го придружуваше Пју во помошен чамец и кајак.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK