Трамп подготвува нови царини за ЕУ


tramp-washington-usa-january-2025-president-depositphotos_785548132_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД би можеле во наредните денови да објават нови царини за увоз од Кина, Европската Унија и 14 други економии, пренесува „Скај њуз“. Сè уште не се познати точната висина на царините, производите на кои ќе се однесуваат, како и датумот од кога ќе стапат на сила.


Се очекува Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) да ги објави наодите од повеќемесечната истрага за прекумерните индустриски капацитети и производството во овие економии. Администрацијата на Доналд Трамп тврди дека прекумерното производство, поттикнато од државни субвенции, создава вишок на евтини стоки што ги загрозува американските компании.

Истрагата беше покрената врз основа на Дел 301 од Законот за трговија на САД од 1974 година, кој овозможува воведување царини како одговор на постапките на други економии, за кои САД сметаат дека се штетни за американските бизниси или трговија.

Земји на списокот
На списокот се наоѓаат Кина, Европската Унија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Виетнам, Тајван, Тајланд, Малезија, Индонезија, Швајцарија, Норвешка, Сингапур, Бангладеш и Камбоџа. За потребите на оваа истрага, Европската Унија се третира како единствена економија.

Сè уште не е јасно дали новите царини ќе ги погодат сите 16 економии подеднакво. Според извори запознаени со плановите, стапките може да се разликуваат од земја до земја, а можно е Мексико и Норвешка да не бидат опфатени со новите давачки веднаш.

Судот претходно пресуди дека царините се неуставни
Доколку се воведат, новите царини би се применувале покрај давачките од 10 до 12,5 отсто, кои САД ги воведоа претходно оваа година за увоз од десетина земји, како дел од посебна истрага за спроведувањето на забраните за увоз на стоки произведени со принудна работа.

Планирањето на овие нови давачки е дел од напорите на администрацијата на Трамп да оживее поширока програма за царини, која Врховниот суд на САД претходно оваа година ја прогласи за неуставна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK