Станови за млади по цена 20% пониска од пазарната цена


kupuvanje stan_0
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младите брачни парови до 35 години ќе добијат можност да купат стан по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната, преку новиот модел за поддршка што го најави премиерот Христијан Мицкоски.

Според најавата, секоја градежна компанија што ќе гради нов станбен објект ќе мора да издвои најмалку 10 проценти од станбената површина за млади брачни парови до 35 години. Ова ќе биде законска обврска и услов за добивање дозвола за градба.


Дополнително, Мицкоски појасни дека попустот од најмалку 20 проценти ќе се пресметува врз основа на просечната цена на становите во конкретната катастарска општина во претходната календарска година, утврдена преку склучените купопродажни договори. За становите наменети за младите ќе биде утврден и горен праг на цената.

Законот нема да има ретроактивно дејство, што значи дека поволноста ќе се однесува на идните станбени објекти, а не на веќе изградените згради.

За разлика од моделите што се потпираат на субвенционирање на каматите за станбени кредити, оваа мерка предвидува директно намалување на цената по квадратен метар. На тој начин, младите семејства би можеле да заштедат значителни средства при купувањето на својот прв дом.

Мерката е дел од поширокиот пакет за подобрување на условите за живот на младите, а законското решение наскоро треба да биде доставено до Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK