Градоначалникот на Општина Куманово, во придружба на секретарот и претседателката на Советот, оствари работна средба со претставници на
кинеската компанија „China Shandong International Economic & Technical Cooperation Group Ltd. На средбата се разговараше за можностите зa воспоставување деловна соработка и реализација на идни инвестициски проекти во Куманово, со посебен акцент на индустриската зона Новини и
Речица.
На средбата беа разменети мислења и информации за инвестицискиот потенцијал на Општината, можностите што ги нуди индустриската зона, како
и условите за реализација на идни активности и вложувања од страна на кинеската компанија.
Дел од кинеската делегација беа: Gao Jichao – генерален директор на Сектор за маркетинг, Shao Xu – деловен менаџер во Сектор за маркетинг, Ma Tongyue – секретар во Канцеларија за економски и трговски работи при Амбасада на НР Кина и Chen Yushan – директор на адвокатска канцеларија
„Gemchen“ од Кина.
Општина Куманово останува отворена за соработка со домашни и странски инвеститори, со цел привлекување нови инвестиции, отворање работни
места, поттикнување на локален економски развој и создавање поволни услови за деловно работење.