СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишниот Ѓ.Ч. од Кавадарци и против друштво за градежништво и трговија во негова сопственост, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.
Според МВР, пријавениот, во својство на надзорен орган, составил и потпишал технички извештај со кој ставил во употреба хотелски комплекс на катастарска парцела „Елшани“ во Охрид.
Тој го сторил тоа иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издаденото одобрение за градење и дека во рамките на комплексот има нелегални градби.