Русија утрово соопшти дека во текот на ноќта пресретнала и соборила 699 украински беспилотни летала за време на голем напад што опфатил неколку руски региони, вклучувајќи ја областа околу Москва и окупираниот Крим.
Руското Министерство за одбрана наведе дека беспилотните летала биле соборени над регионите Брјанск, Белгород, Калуга, Орјол и Смоленск, како и над Московскиот регион, Крим и Црното Море.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека дури 355 беспилотни летала биле насочени кон Московскиот регион, од кои 63 – според неговите тврдења – биле соборени на приодите кон руската престолнина.
Тврдењата на Русија во врска со бројот на соборени беспилотни летала сè уште не се независно потврдени.
Ограничен сообраќај на московските аеродроми
Руската агенција за цивилно воздухопловство привремено го ограничи сообраќајот на неколку аеродроми, вклучувајќи ги московските аеродроми „Внуково“ и „Шереметјево“, како и аеродромите во Калуга и Волгоград.
Руските власти засега немаат извештаи за жртви или повредени, пренесува АФП.