Познатиот режисер стана татко по третпат: Ги остварува своите соништа со сопруга која е 20 години помлада од него


kventin-tarantino-quentin-tarantino-depositphotos_48700889_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познатиот режисер Квентин Тарантино и неговата сопруга, Даниела Пик Тарантино, го добија своето трето дете – син, ексклузивно открива списанието „Пипл“.


Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга, Даниела Пик Тарантино, станаа родители по третпат – добија син. Славниот режисер има 63 години, додека неговата сопруга – израелска пејачка и актерка – има 43 години.

Претставник на парот ја потврди веста за списанието „Пипл“, истакнувајќи дека тие се пресреќни.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Името и датумот на раѓање на новороденчето сè уште не се јавно објавени. Соопштението беше придружено со фотографии од родителите, но не беа споделени слики од бебето.

„Квентин Тарантино и неговата сопруга, Даниела Пик Тарантино, со огромна радост го објавуваат раѓањето на своето трето дете – син“, изјави претставникот на Квентин за списанието.

Наградуваниот режисер и Даниела – која е пејачка и модел – веќе имаат шестгодишен син, Лео, и четиригодишна ќерка, Адријана.

Квентин првпат ја запознал Даниела (43) во Израел во 2009 година, додека го промовирал еден од своите проекти. Тие започнале врска, но по неколку години се разделиле.

Парот повторно се споил околу 2016 година, а во летото 2017 година се свршиле. Се венчале во ноември следната година, на интимна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK