Отворен конкурсот за годишните награди на ДПМ за 2026 година


dpm_nagradi_flaer_2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Управниот одбор на ДПМ го отвори конкурсот за традиционалните годишни награди на Друштвото на писателите на Македонија за дела објавени во 2026 година: „Стале Попов“ – за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“ – за најдобра збирка песни, „Ванчо Николески“ – за најдобра книга за деца, „Димитар Митрев“ – за најдобра книга критика или есеистика и „Мост“ – за најдобра книга објавена на некој од јазиците на заедниците во земјава.


Во согласност со Статутот на ДПМ, право на учество (со сопствено дело или како членови на жири-комисиите) имаат сите активни членови на Друштвото, кои до просториите на ДПМ треба да достават (лично, или по пошта) четири примероци од делото.

Во однос на регулативата, конкурсот за годишните награди на ДПМ се организира во согласност со Правилник и во согласност со Деловник за жири-комисиите.

Конкурсот ќе биде отворен до (заклучно со) 23 декември, 15:00 часот. Оние дела што ќе бидат испечатени во периодот од 23 до 31 декември 2026 година исто така ќе можат да учествуваат, со тоа што авторот/издавачот заедно со четирите примероци од делото ќе треба да достави и потврда од печатницата, која ќе сведочи дека делото било испечатено во тој временски период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK