Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу на Телма – „Нека биде наше“


dimitar-andonovski-neka-bide-nashe.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Музика во живо, ексклузивни приказни, неочекувани признанија и гости подготвени да покажат едно поинакво лице. Од 30 ноември, понеделничките вечери добиваат нова димензија.


Телевизиската сцена добива нова енергија, а Димитар Атанасовски се враќа на малите екрани, овојпат со проект во кој музиката, емоциите и искрените разговори се во главната улога. „Нека биде наше“ е новото музичко ток-шоу на Телма, кое од 30 ноември ќе ги исполни понеделничките вечери со музика, емоции и искрени разговори.

Ова не е само уште една музичка емисија. „Нека биде наше“ е сцена на која познатите ќе пеат, ќе се смеат, но и ќе споделат делови од себе што досега ги чувале далеку од јавноста. Музиката ќе ја слушаме во живо, со придружба на бенд, а разговорите ќе нè одведат подалеку од она што сме навикнале да го гледаме и слушаме за нив. Без однапред подготвени одговори и без вообичаени рамки, со многу спонтаност, искреност и изненадувања.

А стартот е повеќе од возбудлив! Во премиерното издание, на 30 ноември, Димитар ќе ги пречека Тамара Тодевска, Стефан Николовски и Лара Иванова. Тројца гости кои имаат што да раскажат, што да отпеат и со што да нè изненадат.

Со враќањето на Димитар Атанасовски и формат што ја става во фокус автентичноста на гостите, „Нека биде наше“ носи поинакво телевизиско дружење – такво во кое музиката не е само за слушање, а разговорите не се само за гледање.

Од 30 ноември, во 20:20 часот, понеделничките вечери се резервирани за „Нека биде наше“ на Телма!

Музиката ќе биде во живо. Приказните ќе бидат искрени. А вечерите – наши!

ПР

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK