Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување


replek_ka_0001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога станува збор за производите на база на медицински канабис, информираноста за употребата е подеднакво важна како и самиот производ. Токму затоа, пред една година Реплек го отвори КА Информативниот центар, прв од ваков вид во земјава, посветен на стручна едукација и непосреден контакт со граѓаните. Денес, со над 1.500 информирани посетители зад себе, Центарот ја потврдува оправданоста на оваа иницијатива. За полесен пристап до стручни совети, бесплатните консултации отсега може да се закажат и онлајн, преку веб-страницата на „Реплек“.

Во 2016 година, Реплек имаше пионерска улога на македонскиот пазар, како прва компанија што ги воведе производите на база на медицински канабис. Со отворањето на Центарот, компанијата ја продолжува својата заложба за одговорно информирање и едукација на јавноста.


Од отворањето досега, Центарот им овозможува на пациентите и на членовите на нивните семејства да разговараат со здравствен професионалец, да ги разрешат своите дилеми и да добијат релевантни информации. Искуството од првата година покажува дека најголем интерес за производите има во контекст на малигни заболувања, болка, несоница и Паркинсонова болест.

Меѓу најчестите прашања се дали CBD е психотропна супстанција, при што стручно се објаснува дека нема такво дејство, на кој начин може да помогне, дали може да се користи истовремено со постојната терапија и колку долго треба да се применува.

Консултациите во Центарот ги реализира д-р Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина, со повеќе од 10 години искуство во советување и едукација за овие производи. Преку индивидуален пристап, таа на посетителите им помага да добијат точни информации за производите, како и за нивната правилна примена.

„Кога го отвораме патот кон нови фармацевтски решенија, веруваме дека нашата одговорност не завршува со нивниот развој и производство. Подеднакво важно е да создадеме услови луѓето да ги разберат производите, да се информираат за нивната намена и да добијат стручни одговори на прашањата што ги имаат. КА Информативниот центар е израз токму на таа определба. Посетителите во првата година се потврда дека постои реална потреба од ваков пристап и дополнителен мотив да продолжиме да инвестираме во едукација“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

Во област за која во јавноста сѐ уште има недоволно информации и погрешни толкувања, Центарот има важна улога во обезбедувањето прецизни сознанија и насоки, согласно прашањата и потребите на заинтересираните.

„Во фармацијата, довербата се заслужува со стручност, транспарентност и доследност. Со КА Информативниот центар, Реплек ја преточи својата посветеност на едукацијата во конкретен простор за директна комуникација со граѓаните. Нашата стратешка цел е научните сознанија за медицинскиот канабис да ги доближиме до јавноста на јасен и разбирлив начин, а прашањата и предрасудите да ги адресираме со аргументи и да ја развиваме едукацијата според реалните потреби“, истакнува Ивана Емел Анастасовски, маркетинг менаџер во Реплек.

Новата можност за онлајн закажување е дел од заложбите на компанијата да го направи пристапот до консултациите поедноставен и подостапен. Заинтересираните граѓани можат да го изберат

посакуваниот датум и слободен час на КА информативен центар – Replek, без потреба од телефонски повик или лично доаѓање за резервирање на терминот. Консултациите се бесплатни, а закажување е можно и на телефонскиот број 071 348 856 или преку е-пошта [email protected].

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK