Сите сакаа да ги дознаат тајните на нејзината убавина, да го копираат нејзиниот стил и да научат како се храни и како постигнува толку беспрекорен изглед.
Холивудската актерка Грејс Кели беше една од најубавите жени што некогаш чекореле на оваа земја – многу пред да стане принцеза од Монако по бракот со принцот Рение III.
И иако многумина би претпоставиле дека Грејс Кели држела строги диети, тоа било далеку од вистината.
Како што открила во едно интервју од 1982 година, таа ја одржувала својата линија со брзо одење во траење од најмалку еден час секој ден, покрај повремените лежерни прошетки со пријателите.
Исхраната на Грејс Кели
Таа објаснила дека строгите, рестриктивни диети никогаш не биле опција, бидејќи ја правеле раздразлива и променлива во расположението. Грејс Кели уживала во храната и се трудела да ги јаде „вистинските работи“.
Ова вклучувало леб од цело зрно, додека свесно се трудела да го избегнува шеќерот.
Една авторка од публикацијата Spoon University ги истражила навиките во исхраната на Грејс Кели за да добие подобра слика за тоа како изгледало нејзиното мени.
Денот го започнувала со овесна каша, која ѝ овозможувала долготрајно чувство на ситост.
Нејзините ужинки се состоеле од здрави опции, како што се суво овошје, моркови или целер.
Ретко јадела месо или риба, фокусирајќи се главно на зеленчук. Сепак, понекогаш уживала во чизбургер.
Пиела многу вода и консумирала храна богата со вода – на пример јаболка – за да остане хидрирана во текот на денот. Одвреме-навреме си дозволувала по некој колач, но секогаш кога ќе почувствувала желба за благо, пиела зелен чај засладен со мед.