Во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир, денеска започна Сенародната универзијада „Чаир 2026“, која обединува студенти и универзитетски екипи од Скопје, Тетово, Приштина, Тирана и Валона. На овој спортски настан, кој ќе се одржува во текот на два дена, присуствуваше и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кој го истакна значењето на спортот како можност за соработка, запознавање и зајакнување на врските меѓу младите од албанските краишта.
„Инвестициите во спортот и јавните простори секојдневно им служат на нашите млади и ни овозможуваат да бидеме домаќини на натпревари што го претвораат Скопје во место за средба на албанските студенти. Оваа Универзијада ја потврдува важноста на создавањето услови и можности младите да тренираат, да се натпреваруваат и да ги претставуваат своите универзитети и градови. Покрај спортските резултати, нашата цел е овие средби да создадат пријателства и долгорочна соработка“, истакна Меџити.
Градоначалникот Меџити изрази благодарност до Универзитетот „Мајка Тереза“ и Организацискиот одбор за организирањето на Универзијадата, како и до универзитетите и федерациите учесници од Косово и Албанија. Тој нагласи дека овој настан претставува можност за проширување на меѓууниверзитетската соработка и организирање заеднички спортски активности во текот на годината, афирмирајќи ги Чаир и Скопје како значајни места за средби и соработка меѓу младите.