Полицијата приведе две малолетнички во Центар. Тие нападнале друго девојче и снимале со мобилен телефон.
Според информациите на МВР, вчера во 19:50 часот во СВР Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода две малолетнички од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 18:10 часот пресретнале друга малолетничка, при што едната од нив физички ја нападнала, а другата ѝ одзела лични работи и пари и ја снимала со мобилен телефон.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.