Неговата голема желба се оствари: познатиот актер го доби своето прво дете на 56-годишна возраст


14293709.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џон Хем и Ана Осеола станаа родители, ексклузивно објави магазинот People.


Актерот Џон Хем (55), ѕвездата на серијата Mad Men, и 38-годишната актерка Ана Осеола го добија своето прво заедничко дете – момче, потврдија извори ексклузивно за магазинот People.

Претставниците на Џон Хем и Ана Осеола, наводно, не биле достапни за коментар.

Во август, еден извор потврди дека парот го очекува своето прво заедничко дете. Два дена подоцна, друг извор откри дека Хем е „подготвен“ да стане татко.

„Џон е неверојатно возбуден. Тоа е нешто што тој и Ана го посакуваа и за што се надеваа“, изјави извор за People. „Тој не размислува за својата возраст или за тоа што би можеле да кажат другите. Едноставно е многу среќен.“

„Ана е прекрасна, а тој се чувствува многу среќен што основа семејство со неа.“

Новите родители се запознале на снимањето на последната сезона од серијата Mad Men. Во февруари 2023 година, People потврди дека парот се свршил. Неколку месеци подоцна, во јуни, тие стапија во брак во Андерсон Кањон во Биг Сур, Калифорнија – на истото место каде што беше снимена завршницата на популарната серија.

Во месецот кога се венчаа, Хем за The Hollywood Reporter зборуваше за можноста за проширување на семејството. Актерот, познат и по улогата во серијата Fargo, откри дека се надева оти неговиот брак со Осеола ќе биде „крунисан со деца“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK