Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица


aleksandar-georgievski-moe-gnezdo-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод Неделата посветена на старите лица, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети Здружението „Моето гнездо“, кое ја спроведува социјалната услуга „Помош и нега во домот“ на територијата на општината.


Услугата, која изминатиот период активно се реализира во Општина Илинден, е наменета за лица над 65 години, како и за лица со попреченост, со цел да им се обезбеди соодветна грижа и поддршка во домашни услови, поголема самостојност и подобар квалитет на живот.

При посетата, градоначалникот Георгиевски се запозна со досегашните активности на здружението и истакна дека грижата за повозрасните граѓани, како и за лицата со попреченост е еден од најголеми приоритети на локалната самоуправа.

„Со воспоставувањето на услугата „Помош и нега во домот“ овозможуваме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Особено ме радува што оваа услуга веќе активно се спроведува на територијата на Општина Илинден. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на социјалните услуги, бидејќи секој граѓанин заслужжува да има можност за достоинствен и квалитетен живот“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Сите заинтересирани граѓани кои имаат потреба од услугата „Помош и нега во домот“ можат да се обратат на телефонскиот број 079 340 473, каде што ќе добијат дополнителни информации за начинот на користење на услугата, која е целосно бесплатна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK