Том Нојвирт, кој победи на Евровизија во 2014 година како Кончита Вурст, се пошегува дека е хетеросексуален маж во подкастот „Буси Блабла“, кој го води со музичарот Џеј Џеј, пишува „Индекс“, повикувајќи се на „Хојте“.
Во разговорот за тоа како се искупува кога ќе згреши во врска, Нојвирт рече дека купува подарок. Притоа се пошегува со стереотипот дека хетеросексуалните мажи им купуваат подароци на партнерките кога сакаат да ја поправат грешката. Џеј Џеј му возврати: „Ете, двајца сме.“
View this post on Instagram
На крајот од разговорот Нојвирт ја повтори шегата, а на снимката објавена на Инстаграм дел од следбениците реагираа со емотикони со солзи од смеење.