Полицијата расчистува две пријави за напади врз девојчиња на Бит Пазар


policija-foto-mvr.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца родители на 18 ноември во СВР Скопје пријавиле дека нивните малолетни ќерки биле физички нападнати во домовите на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавите, во двата случаи бил употребен тврд предмет.


Во 21:45 часот, 33-годишна жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот чичко М.Ф., кој, според пријавата, употребил и тврд предмет.

Во 22:20 часот, 34-годишен маж пријавил дека на 16 ноември неговата малолетна ќерка била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот очув Ф.Д.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK