Педесет и еден милион евра, пари на граѓаните, не се префрлени во вториот пензиски столб заклучно со 31 октовмри! Криминалната власт на Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ ги доведе во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб, изјави потпретседателката на СДСМ, Јованка Тренчевска.
„Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати, со една единствена цел – да имаат сигурна и достоинствена пензија кога ќе го завршат работниот век. Арамијата Мицкоски и неговата банда го доведоа Фондот за ПИОМ до сериозна финансиска неодржливост. Дупката во ПИОМ ја зголемија на една милијарда евра. Сега го загрозија и вториот пензиски столб. Ја искрадоа државната каса за криминални тендери, ја задолжија државата со милијарди евра нови долгови, сега посегнуваат и по личните пари на граѓаните“, рече Тренчевска.
Како што додаде, нема пари за работниците, нема пари за пензионерите, нема при за повисока минимална плата. Нема пари земјоделците. Нема пари за повисок студентски оброк. Пари има само за криминалните тендери на власта, рече таа.
„Префрлањето пари во вториот пензиски столб не е волја на Мицкоски, туку законска обврска на директорот на Фондот за пензиско осигурување. Има законски рок од 5 дена во кој мора ги префрли парите во вториот пензиски столб“, додава Тренчевска.
СДСМ повика на реакција од Јавното обвинителство и кривична одговорност. Партијата бара парите веднаш да бидат префрлени.