(Видео) Џеф Безос лично учествувал во изборот на новиот Џејмс Бонд, реакциите на јавноста се жестоки


bezos-depositphotos_600667406_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основачот и претседател на „Амазон“, Џеф Безос, откри дека бил значително вклучен во изборот на Роберт Патинсон за новиот Џејмс Бонд, што предизвика бројни реакции и критики на социјалните мрежи.


Во разговор за „Семафор“, Безос објасни дека студиото „Амазон МГМ“ првично разгледувало голем број кандидати, по што изборот бил стеснет на петмина финалисти. Секој од нив учествувал на филмски проби со костими, сценографија и други актери, при што биле снимени по три различни сцени.

Иако креативниот тим, вклучително и режисерот Дени Вилнев, првично имал резерви кон Патинсон поради неговата голема популарност, аудицијата ги отстранила сомнежите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Semafor (@semafor)

„Имаше нешто посебно во Роб и неговата изведба. Веднаш се согласивме. На аудицијата стана сосема јасно дека тој е Џејмс Бонд“, изјави Безос.

Неговото признание предизвика потсмев на социјалните мрежи, каде што корисниците го критикуваа мешањето на милијардерот во креативните одлуки на филмската индустрија.

„Значи, отсега милијардерите ги носат баш сите одлуки?“ и „Што го квалификува Џеф Безос да го избира новиот Џејмс Бонд?“, се дел од коментарите.

„Амазон МГМ“ официјално потврди на 16 ноември дека Патинсон ќе го наследи Даниел Крег во улогата на агентот 007. Актерот изјави дека ја смета улогата за најголема чест во неговиот живот.

Режисер на новиот филм ќе биде Дени Вилнев, а сценариото го потпишува Стивен Најт. Продукцијата се очекува да започне во 2027 година. Филмот ќе биде прв во франшизата откако „Амазон МГМ“ ја презеде креативната контрола врз Џејмс Бонд во 2025 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK