Повеќе од шест проценти раст на туризмот, Македонија ја зацврстува својата поврзаност со Европа


turisstiskopje-1024x682
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија бележи позитивни резултати во туризмот, а растот на бројот на туристи и ноќевања е проследен со значително зголемување на воздушниот сообраќај и проширување на мрежата на меѓународни дестинации.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, заклучно со септември годинава се регистрирани повеќе од 1.100.000 туристи и речиси три милиони ноќевања. Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави дека според статистиките бројките веќе ги надминува првично поставената цел од еден милион туристи, а бројката на ноќевања е близу до планираните три милиони.


Особено охрабрувачки се резултатите од третиот квартал, кога во споредба со истиот период минатата година се регистрирани 35.000 повеќе туристи и 110.000 повеќе ноќевања. Растот е над шест проценти и во двете категории.

Дополнителен импулс за развојот на туризмот доаѓа од зголемената авиоповрзаност. Скопскиот и охридскиот аеродром во периодот до 25 октомври опслужиле 3,65 милиони патници, што претставува раст од 28 проценти. Реализирани се 24.232 летови, или 10 проценти повеќе од истиот период лани.

Владините политики за субвенционирање на авиолиниите, заедно со инвестициите во инфраструктурата, придонесуваат за создавање подобри услови за развој на туризмот. Во Охрид е модернизиран дел од аеродромот, со инвестиција на ТАВ од 2,7 милиони евра и обновени 3.364 квадратни метри терминалски простор.

Посебен придонес за меѓународната поврзаност имаат 28-те нови директни авиолинии од Скопје и Охрид. Новите линии ги поврзуваат македонските аеродроми со низа европски градови и дестинации, меѓу кои Париз, Барселона, Амстердам, Мадрид, Прага, Истанбул, Милано, Братислава и Виена. Ова проширување е значаен чекор кон поголема достапност на Македонија и создавање нови можности за туристичкиот и економскиот развој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK