Гулер го продолжи договорот со Реал


madrid-spain-april-2025-league-depositphotos_808105998_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турскиот фудбалер, Арда Гулер го продолжи договорот со Реал Мадрид до 30 јуни 2032 година, објави „кралскиот клуб“.


Гулер дојде во Реал во 2023 година, а за Реал одигра 126 натпревари во кои запиша 22 гола и 32 асистенции.

„Историјата што ја испишавме, историјата што допрва треба да ја напишеме. Кога го облеков дресот на Реал Мадрид за прв пат, знаев дека станувам дел од една величествена историја. Денес чувствувам иста гордост и среќа, но и уште поголема одговорност. Голема чест ми е што имам можност да ги следам стапките на легендите што ја испишаа историјата на фудбалот, и тоа во најголемиот клуб во светот.

Мојот сон е да го носам овој дрес уште многу години, да освојуваме нови трофеи заедно и еден ден да оставам свој белег на сите клупски успеси. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене од првиот ден, а особено на моето семејство и тренерите со кои работев. Исто така, сакам да им се заблагодарам на навивачите на Реал Мадрид низ целиот свет, кои секогаш нè поддржуваа. Многу сум среќен што можам да продолжам да бидам дел од овој клуб. 🤍“, напиша турскиот репрезентативец.

Гулер, освои пет трофеи со „Лос Бланкос“ – Лигата на шампионите, Шпанското првенство, Шпанскиот суперкуп, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK