Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Д.М. (19) од селото Гајре, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“, како и против Р.М. (59) од истото село, поради сомнение за „помагање на сторител по извршено кривично дело“.
Според МВР, на 10 октомври 2025 година во Тетово, 19-годишникот не застанал со возилото на знак за запирање даден од полициски службеници, туку преминал на спротивната коловозна лента.
Набргу потоа го оставил возилото и продолжил пеш, при што му испаднал пиштол „Чешка Зброевка Взор 70“, калибар 7,65 милиметри, со муниција.
Потоа заминал во автоперална на второпријавениот, кој му дал друго патничко возило, марка „пежо“, за да замине.