„Политико“: Европа се плаши дека Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина и ЕУ


depositphotos_432979264_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европските претставници се сомневаат дека рускиот претседател Владимир Путин навистина сака да ја заврши војната во Украина и стравуваат дека, доколку мировните преговори не успеат, американскиот претседател Доналд Трамп би можел да постигне договор со Москва без учество на Европа и Украина, објави денес бриселскиот „Политико“.


Сомневањата се зголемија по минатонеделниот состанок на претставници на САД, Украина и Русија во Абу Даби, каде што не беше постигнат значаен напредок, освен ветувањето за размена на затвореници.

Датумот на следната рунда преговори сè уште не е одреден.

Европските претставници оценуваат дека Москва не покажала подготвеност да прави отстапки и дека Путин верува дека може да постигне повеќе со продолжување на војната отколку со прекин на огнот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Русија ги интензивира нападите врз цивилите и енергетската инфраструктура за да ја принуди Украина да капитулира.

Иако не учествуваа директно во разговорите во Абу Даби, претставниците на европските земји се обидуваат да се вклучат во следната рунда преговори.

Лидерите на ЕУ се согласија дека Европа ќе биде претставена од Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Полска, заедно со претставници на институциите на Европската Унија.

Особено загрижувачка е можноста преговорите да вклучат промена во европската безбедносна архитектура, вклучувајќи ги и руските барања во врска со проширувањето на НАТО.

Норвешкиот министер за надворешни работи, Еспен Барт Ајде, изјави дека распоредувањето на силите на НАТО на териториите на членките на Алијансата не е прашање што треба да се дискутира со Москва.

Според мислењето на европските дипломати, Европа и Украина продолжуваат да учествуваат во преговорите со цел да му покажат на Вашингтон дека се подготвени за договор, но и дека, во случај на неуспех, одговорноста за неуспехот на процесот ќе се припише на Русија, а не на нив.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK