Пејачката Кејти Пери (42) и нејзиниот партнер, поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (54), се појавија заедно на хуманитарната гала-вечер „Baby2Baby“ во Лос Анџелес.
Парот позираше пред фотографите, насмеани, при што еден момент особено привлече внимание: пејачката му ја местеше вратоврската на Трудо.
View this post on Instagram
Нивното заедничко појавување доаѓа само неколку дена откако поранешниот сопруг на Пери, Расел Бренд, беше осуден на десет години и шест месеци затвор за силување и сексуален напад, пренесува „Page Six“.
View this post on Instagram
Позираа пред фотографите со насмевки
Пери и Трудо пристигнаа на настанот, кој се одржа во саботата, 14 ноември, во „Pacific Design Center“ во Лос Анџелес. За оваа пригода, пејачката избра сребрен фустан со светки и без прерамки, искомбиниран со долго сатенско здолниште во боја на шампањ и наметка во иста нијанса – креација на модната куќа „Antonio Grimaldi“.
View this post on Instagram
Трудо носеше бело свечено сако, црни панталони и црна вратоврска.
Само неколку дена претходно, во средата навечер, парот беше фотографиран и при излегување од италијанскиот ресторан „E. Baldi“ во Беверли Хилс.
View this post on Instagram
Заедно повеќе од една година
Гласините за врска помеѓу Кејти Пери и Џастин Трудо првпат се појавија во јули 2025 година, по разделбата на пејачката од актерот Орландо Блум, со кого ја има шестгодишната ќерка Дејзи Дав.
View this post on Instagram