Меси планира да ја тужи федерацијата


rio-janeiro-brazil-june-2019-depositphotos_418622190_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лионел Меси размислува да поднесе тужба против Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) за да спречи користење на неговото име, лице и фотографии за комерцијални цели.


Според информациите на аргентинскиот весник „Кларин“, дошло до сериозно заладување на односите меѓу долгогодишниот капитен и првиот човек на Федерацијата.

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“, сака да се дистанцира од претседателот Клаудио Тапија, против кого се поднесени обвиненија за финансиска злоупотреба.

Главната причина за незадоволството на Меси е конфликтот на интереси со спонзорите. За време на последното Светско првенство, федерацијата го користеше ликот на Меси во кампања за локален бренд пиво, што предизвика проблеми со американскиот бренд „Микелоб“, со кој ѕвездата има ексклузивен договор.

Меси и неговото семејство наводно биле принудени постојано да им се извинуваат на своите деловни партнери за деловните одлуки на АФА врз кои немале контрола.

Меси, исто така, сака да го заштити својот углед поради истрагите против претседателот Тапија и благајникот Пабло Товиџин за прикривање на финансиски текови преку странски компании.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK