(Видео) Судир на возови во Прага: Најмалку 15 патници се повредени, железничкиот сообраќај е во прекин


13842476.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два патнички воза се судрија утринава во близина на Главната железничка станица во Прага, при што се повредени најмалку 15 лица, од кои неколку се во тешка состојба.


Несреќата се случила околу 7:00 часот наутро на железнички мост над улицата „Сејфертова“ во прашката општина Прага 3, пренесува „Индекс“. Според службите за итни случаи, возовите се движеле со мала брзина во моментот на судирот. Повеќето од настраданите се здобиле со полесни повреди, но некои патници се сериозно повредени, објави „Радио Прага“.

Железничкиот сообраќај на таа линија е во прекин, додека возовите за долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, соопшти Управата на чешките железници.

На местото на настанот се испратени десет екипи за итна медицинска помош, четири медицински тима и специјализирано возило за евакуација. Пожарникарите прогласија втор степен на тревога, давајќи приоритет на проценката на состојбата на сите патници и тријажата на повредените врз основа на сериозноста на нивните повреди.

Полицијата и истражителите на лице место ја утврдуваат точната причина за несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK