Селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел, по големата победа над Шпанија (3:2) во Мадрид изјави дека тоа била импресивна партија, најдобра откако го презеде „Горди Албион“.
Англија поведе со 3:0, со голот од пенал на Хари Кејн во 45-та минута, по што следеа головите на Езри Конса (53-та минута) и Бен Вајт (57-ма минута). Доминацијата на Англија беше прекината во 63-та минута, кога Елиот Андерсон направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон.
Микел Ојерзабал ја намали разликата со гол од пенал во 65-та минута, а Нико Вилијамс го постигна вториот гол за Шпанија во 75-та минута.
Во остатокот од натпреварот, Шпанците се обидоа да израмнат, но не успеаја да постигнат трет гол. Херој во финишот беше голманот Џејмс Трафорд, кој во 91-та минута ги одбрани ударите на Фермин Лопез и Ајмерик Лапорт.
„Брилијантна игра. Заслужена победа. Бевме подобриот противник. Фантастично издание од почеток до крај“, рече Тухел по натпреварот.
Тој се осврна и на драматичниот финиш и црвениот картон на Елиот Андерсон.
„Беа долги 30 минути, но не сакам да се фокусирам на тоа. Имаше многу позитивни работи во првите 60 минути“, рече Тухел, додавајќи:
„Комплетна игра. Дадовме сè од себе на теренот. Бевме храбри. Во однос на борбениот дух, енергијата, па дури и фудбалскиот квалитет – сè беше на највисоко ниво. Го заслуживме ова. Се фокусиравме на нашата сопствена игра и пристап. Не можам доволно да го пофалам тимот за она што го покажа.“
Foto/ Depositphotos