Општина Илинден: Збогатен возниот парк на ЈКП „Илинден“ со нов камион кипер


kamion-kiper-opst-ilinden-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Илинден продолжува со континуирани инвестиции во модернизација и унапредување на капацитетите на ЈКП „Илинден“, со цел подобрување на квалитетот и ефикасноста на комуналните услуги за граѓаните. Во таа насока, возниот парк на комуналното претпријатие е збогатен со нов камион кипер, кој ќе придонесе за побрзо, полесно и поефикасно извршување на секојдневните работни активности, велат од Општината.


„Новото товарно возило ќе се користи за утовар и транспорт на растителен и кабаст отпад, како и за превоз на различни материјали потребни за извршување на комуналните активности. Со неговата употреба ќе се овозможи поголема оперативност на екипите, поефикасно одржување на јавната чистота и јавните површини, како и навремено спроведување на активностите на територијата на општината.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид на возилото.

Со оваа инвестиција дополнително се зајакнуваат техничките капацитети на ЈКП „Илинден“ и се создаваат подобри услови за непречено извршување на комуналните услуги, при што Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со вложувања во современа опрема и механизација, со цел обезбедување поквалитетни услуги, почиста животна средина и поуредени јавни површини за сите граѓани, се наведува во соопштението од Општина Илинден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK