Мишел Фајфер ја прослави 33-годишнината од бракот со нејзиниот сопруг, Дејвид Е. Кели, преку емотивна објава на Инстаграм.
Познатата актерка Мишел Фајфер (68) сподели интимно селфи со својот сопруг, на кое двајцата изгледаат гламурозно во вечерни тоалети на свечен настан во Њујорк. На фотографијата тие се насмеани и припиени еден до друг на 18-тиот годишен филмски настан на Музејот на современа уметност (MoMA) – организиран во чест на Стивен Спилберг – кој се одржа во четвртокот вечерта.
„33 години на овој свет со овој прекрасен човек. И 33 години во кои сум најсреќната жена во просторијата“, напиша Фајфер покрај фотографијата.
View this post on Instagram
A post shared by Michelle Pfeiffer (@michellepfeifferofficial)
Актерката изгледаше безвременски елегантно во црн, блескав фустан од „Шанел“, надополнет со висечки обетки со смарагдно-зелени детали. Нејзината руса коса паѓаше преку рамената во опуштени бранови, пренесува „Дејли мејл“.
Кели (70) изгледаше исклучително елегантно во модерен црн костум, искомбиниран со бела кошула и темна вратоврска.
„Бев малку нервозна… Имав неколку катастрофални состаноци на слепо и се заколнав дека никогаш повеќе нема да одам на таков состанок. Но, мојата најдобра пријателка рече: ’Те молам, само уште еднаш – запознај го овој човек, Дејвид Кели‘, а јас реков: ’Добро‘“, се присети актерката за време на гостувањето во емисијата The Tonight Show Starring Jimmy Fallon. Како што раскажа за списанието People, нивната прва средба била прилично незгодна и тие едвај прозбореле некој збор во текот на целата вечер.
View this post on Instagram
A post shared by Michelle Pfeiffer (@michellepfeifferofficial)
Сепак, Фајфер очигледно оставила силен впечаток кај Кели, кој ѝ се јавил два дена подоцна за да ја покани на состанок. Така, нивната љубовна приказна набрзо започнала.
Само два месеци откако се запознале, Фајфер го финализирала посвојувањето на нејзината ќерка Клаудија – настан за кој подоцна изјавила дека дополнително ја зацврстил нивната врска.
View this post on Instagram
A post shared by Michelle Pfeiffer (@michellepfeifferofficial)
„Уште од самиот почеток со нас имавме дете, што не е вообичаено искуство за повеќето парови. Но, тоа ми даде вистинска можност да го видам Дејвид во ситуација која јасно би покажала кој е само момче, а кој е вистински маж. Тој, се разбира, целосно одговори на предизвикот“, изјавила актерката за Good Housekeeping во 2007 година, како што пренесува People.