Актерката Моника Барбаро беше главна тема на вечерта на една гала-свеченост во Лос Анџелес – не само поради нејзината впечатлива убавина, туку и поради нејзиното смело, длабоко деколте.
Monica Barbaro attends GQ Men Of The Year 2026 https://t.co/EXw20Le94o
— JumpTrailers (@JumpTrailers) November 13, 2026
Списанието GQ или Gentlemen’s Quarterly го прогласи својот „Маж на годината“: фудбалерот на „Арсенал“ и англиски репрезентативец, Деклан Рајс. По тој повод, во Лос Анџелес се одржа гала-вечера, на која присуствуваа бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.
Monica Barbaro at the 2026 GQ Men Of The Year. https://t.co/tBkopQr7I1
— 21 (@21metgala) November 13, 2026
Меѓу присутните беше и прекрасната актерка Моника Барбаро, која ги маѓепса сите присутни со својата извонредна убавина и длабоко деколте. Таа се одлучи за структуриран фустан, кој го следи телото, а во долниот дел се шири во лелеави, набрани волани.
View this post on Instagram
Дизајнот се одликуваше со класична црно-бела палета, создавајќи разигран, а сепак неоспорно секси изглед – особено поради длабокото V-деколте, кое се спушташе сè до нејзиниот струк.
Комбинацијата ја заокружи со црни чевли со високи потпетици и едноставна фризура со благи бранови, кои грациозно се движеа со секој нејзин чекор.
View this post on Instagram
Што се однесува до шминката, таа избра земјени тонови кои ја истакнаа нејзината природна убавина. Навистина беше тешко да се тргне погледот од неа.