Не сака ниту брак, ниту деца, а е во врска со колешка која е 32 години постара од неа: „Срцето ми е премногу кревко“


sara-polson-holand-tejlor-actress-sarah-paulson-wearing-giorio-depositphotos_614655800_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врската помеѓу Сара Полсон и Холанд Тејлор, сè е дозволено – освен брак; барем така вели познатата актерка.


Иако се заедно повеќе од една деценија, Сара Полсон (51) – која ја започна врската со Холанд Тејлор откако повторно се поврзаа во 2015 година – јасно стави до знаење дека брак со ѕвездата од серијата „Два и пол мажи“ не доаѓа предвид.

„Среќна сум што не стапив во брак. Чувствувам дека, на тој начин, успеав да зачувам одредено чувство за сопствениот идентитет“, изјави Сара во епизода од подкастот Dear Chelsea, чиј водител е Челси Хендлер, а која беше емитувана на 12 ноември.

Сепак, иако 51-годишната актерка – која претходно, од 2004 до 2009 година, беше во врска со Чери Џонс – не ја нарекува Холанд своја сопруга, тоа не значи дека нивната врска не е цврста и полна со љубов.

„Врската и поврзаноста што ја имам со Холанд прават да се чувствувам како да сум во брак со неа. Но, никогаш не сум почувствувала потреба тоа да биде нешто официјално и трајно зацементирано. Самата помисла на таква конечност ми создава непријатност“, продолжи Полсон.

Зборувајќи за „слободата“ што ја нуди животот без брак, Сара додаде:

„Не станува збор за тоа дека сакам да бидам подалеку од неа или да бидам со некој друг; едноставно се работи за одржување на одредено чувство за сопствена независност.“

Како што истакна таа, Холанд (83) размислува на ист начин. „Едноставно кажано, ниту една од нас никогаш не почувствувала потреба да стапи во брак. Се чувствувам длабоко поврзана со Холанд, толку колку што е воопшто можно да се биде поврзан со друга личност“, додаде актерката.

Долгогодишните партнерки имаат сличен став и во однос на децата. „Си го сакам животот. Среќна сум што немам деца. Знам дека немам ментална или емоционална сила да одгледам човечко суштество – личност – а потоа да го испратам во светот со зборовите: ’Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден‘. Можам да се замислам како постојано одам по него; срцето ми е едноставно премногу кревко“, искрено призна Сара.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK