Полицијата лишила од слобода 29-годишен жител на Радовиш, откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана.
Претресот бил извршен на 14 ноември со судска наредба, а полициските службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш пронашле и одзеле марихуана и предмети со остатоци од оваа дрога.
За случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.