Поради замена на семафорите, во недела сообраќајот кај „Скупи“ и „Љубљанска“ ќе се пренасочува


DSC_0008.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Улици и патишта Скопје, ги известува граѓаните дека во недела на 15.11.2026 година со почеток во 8 часот наутро, на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“, ќе почне со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема. Овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни сигнали на крстосницата.


Сообраќајот ќе биде комплентно затворен по правец и истиот целосно пренасочен по околната улична мрежа. Времениот режим ќе важи до завршување на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На истите приоди ќе има поставено и лица од ЈП Улици и патишта за физичка регулација на сообраќајот.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот, да бидат трпеливи и да се прилагодат на новонастанатите услови на патот, во целост почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK