Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино ќе стане нов тренер на Манчестер Јунајтед, откако договори соработка до 2029 година.
Според доверливиот новинар на „Атлетик“ Дејвид Орнштајн, Покетино ќе го наследи Мајкл Карик на клупата на Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ ќе плати приближно 8,6 милиони евра за да го откупи неговиот договор со Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави.
Јунајтед го означи 54-годишниот Аргентинец како главен кандидат за нов тренер, а преговорите се практично завршени.
Според информациите на Орнштајн, сè уште треба да се завршат последните детали од договорот, по што Покетино ќе потпише соработка на две и пол години, односно до јуни 2029 година.
Се очекува официјалната потврда да стигне во текот на денот, додека Аргентинецот треба да ја предводи репрезентацијата на САД во двата четвртфинални дуели од КОНКАКАФ Лигата на нации против Хаити, закажани за сабота и вторник, пред да се пресели во Манчестер.
Почетино треба да го преземе тимот пред големото дерби против Ливерпул, кое е закажано за 22 ноември на „Енфилд“.
Аргентинецот со тоа се враќа во Премиер лигата, каде што претходно ги водеше Саутемптон, Тотенхем и Челзи, а сега го чека еден од најголемите предизвици во неговата тренерска кариера.
Foto/ Depositphotos