Клементина Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, кон крајот на овој месец ќе дебитира на престижниот париски настан Le Bal des Débutantes.
Настанот, кој собира млади девојки од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните општествени настани во годината. Меѓу овогодинешните дебитантки е и Олимпија Баез-Ерера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Ерера, пренесува Hello!.
View this post on Instagram
Клементина неверојатно многу наликува на својата славна мајка, од која ја наследила нејзината препознатлива руса коса; тие исто така имаат слични интереси, бидејќи Клементина моментално студира уметност и мода.
View this post on Instagram
Клаудија Шифер претходно откри дека нејзините ќерки – Клементина и 15-годишната Космина – сакаат да го разгледуваат нејзиниот гардеробер и да позајмуваат облека од неа.
View this post on Instagram
„Уживам да ги гледам како комбинираат облека. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената на парчиња и носењето половна облека е сосема природна работа“, изјави Шифер за The Guardian во 2023 година.