Лорен Санчез Безос, сопругата на Џеф Безос, го привлече вниманието на модните критичари. Поточно, нејзината чанта, која чини 5.950 долари, стана главна тема на разговор.
Lauren Sánchez Bezos’ Louis Vuitton bag, which she carried during her NYC press tour for her new children’s book “The Fly Who Flew to the North Pole,” is shaped like an itty-bitty ski lodge and retails for $5,950. 👀
📸: BACKGRID https://t.co/8adsKC57Qp
— Page Six (@PageSix) November 11, 2026
Кога станува збор за модни парчиња или додатоци, Лорен Санчез дефинитивно не штеди. За промоцијата на нејзината нова книга за деца, The Fly Who Flew to the North Pole – која неодамна се одржа во Њујорк – таа избра комбинација што веднаш остави силен впечаток кај јавноста.
View this post on Instagram
Фотографи од меѓународни медиуми ја сликаа на градските улици, облечена во црн, тесен плетен фустан од брендот Balenciaga. Овој впечатлив изглед го надополни со чизми до колена, но еден конкретен детаљ им падна во очи на папараците.
Станува збор за чанта од „Луј Витон“ во форма на планинска колиба – моделот „LV Lodge“ – која, според информациите достапни на веб-страницата на брендот, се продава за 5.950 долари. Чантата е изработена од говедска кожа со детали од платно со препознатливиот „монограм“, а се отвора на делот каде што би бил покривот.
View this post on Instagram
Таа го комплетираше изгледот со брановидна фризура и шминка во земјени тонови, додавајќи црни очила за сонце – омилен моден додаток меѓу денешните трендсетери.
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи беа поделени. Додека некои упатија бројни пофалби за нејзината комбинација, други изнесоа нешто построги критики за нејзиниот стил.
„Изгледа евтино, како и секогаш“, „И понатаму е ’кич‘, без оглед на цената на чантата“ – ова беа само дел од коментарите на Инстаграм.