(Видео) Италија ја победи Франција, ја презеде лидерската позиција во групата


14437933.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италија ја победи Франција во Милано со 3:1 во натпреварот од 5-то коло од А дивизијата на Лигата на нации.


Франција го отвори натпреварот подобро и поведе веќе во почетниот дел од натпреварот. По големата грешка на Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја предаде топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар и донесе предност на Франција.

Сепак, Италијанците брзо се вратија во натпреварот. Пио Еспозито беше на вистинското место по добрата акција на Никол Камбијаги на крило и ја затресе мрежата за 1:1.

Домашните потоа продолжија да се закануваат, а неговиот постар брат Себастијано го принуди Мајк Мењано да интервенира. Пред паузата, Франција можеше повторно да поведе, но ударот на Бредли Баркола ја погоди стативата.

Вториот дел беше исклучително возбудлив. Донарума повторно беше во центарот на вниманието по уште една грешка, но се искупи со одлична одбрана по ударот на Рајан Шерки, кој потоа ја погоди стативата.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијагџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе пеналот и ја испрати топката крај голот.

Промашениот пенал не го запре домаќинот. Италијанците продолжија да напаѓаат, а влегувањето на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој постигна гол за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе последниот удар на Французите. Дајо Упамекано напреви прекршок за пенал врз Антонио Вергара, а Пио Еспозито го постави конечниот резултат.

Така Италија стигна до важни бодови и го презеде врвот во групата А1, што ги доближи до квалификациите за завршниот турнир на Лигата на нации. Франција, од друга страна, пропушти можност да ја задржи контролата врз својата судбина во битката за четвртфиналето.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK