(Видео) СДСМ поднесе кривична пријава против Славески за Алта банка


sasha-sdsm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески за Алта банка и бараме Обвинителството веднаш да постапи, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.


„Организираната криминална група на Мицкоски, панично ја штити банката на Вучиќ. Сакаат да го заташкаат скандалот со внесувањето на Алта банка во Македонија, да се спасат од одговорност, да сокријат сметки, трансакции, потекло на капитал… Нема да можат. Алта банка е огромен финансиски скандал и одговорност ќе има за сите. СДСМ денеска поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други службени и одговорни лица во Народната банка. Бараме одговорност за сите инволвирани во Алта банка“, рече тој.

Според Димитријевиќ, пријавата е обемна, темелна, аргументирана и правно издржана со конкретни правни основи, групирани во неколку целини.

„Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Второ, одговорност за одобрување на преземањето и надзорот според Законот за банките. Во Кривичната пријава се наведени членовите 13, 17, 18 и 59, 62, за неисполнување на условите за стекнување квалификувано учество особено на лице со изречена прекршочна санкција, за проверката на инвеститорот и основите за добивање на согласноста која ја дала Народна банка, односно Славески“, рече Димитријевиќ.

Тој додаде дека СДСМ бара да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката.

„Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму. Опфатени се и членовите 83 и 88 – во однос на согласностите за членовите на надзорните и управните органи. Основано се сомневаме дека Народната банка не ги употребила законските механизми навреме и дозволила ризиците да се прелеат врз граѓаните на Македонија. Трето – одговорност според Законот за Народната банка и прописите за спречување перење пари. Со барање да се испитаат направените проверки на сопственикот, капиталот и трансакциите, како и постапувањето на надзорниот орган. Дали биле побарани информации од странските регулатори? Дали била вклучена Управата за финансиско разузнавање? Кои предупредувања биле разгледани и што било преземено? Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот“, рече Димитријевиќ.

Додаде дека се бараат и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK