Netflix објави трејлер за шестата и последна сезона од популарната серија „Емили во Париз“ (Emily in Paris). Лили Колинс се враќа во улогата на Емили Купер, која во овие завршни епизоди, покрај во Париз, ќе престојува и во Грција и Монако. Новата сезона пристигнува на Netflix на 24 декември, а гледачите можат да очекуваат разрешница на нејзината љубовна приказна со Габриел, како и нови пресврти во нејзиниот приватен и професионален живот, пренесува Deadline.
View this post on Instagram
По Париз, Емили заминува за Грција
На крајот од петтата сезона, Емили ја прекина врската со италијанскиот претприемач Марчело Муратори – кого го толкува Еуџенио Франческини – и се врати во Париз. Во меѓувреме, Габриел (Лукас Браво) дозна дека таа е повторно слободна и ѝ испрати разгледница со покана да му се придружи во Грција, каде што тој работи како приватен готвач на јахта.
Во шестата сезона ќе дознаеме дали Емили ќе ја прифати неговата покана и ќе ѝ даде уште една шанса на нивната врска. Динамиката меѓу нив е централен дел од дејството во завршните епизоди, а новите снимки од снимањето веќе потврдија дека тие повторно ќе се сретнат во Грција.
View this post on Instagram
Грција ќе биде една од главните локации во новата сезона, а дел од дејството ќе се одвива и во Монако. Сепак, серијата ќе се врати и во Париз, кој останува центар на професионалниот и приватниот живот на Емили. Креаторот на серијата, Дарен Стар, изјави дека сакал последната сезона да биде најголема досега, со повеќе европски локации и нови авантури.
Познати ликови се враќаат
Покрај Лили Колинс, во последната сезона се враќаат и Ешли Парк како Минди, Филипин Лерој-Болие како Силви, Лукас Браво како Габриел и Лусиен Лависконт како Алфи.
View this post on Instagram
Исто така, се враќаат и Семјуел Арнолд, Бруно Гуери и Вилијам Абади, како и Мини Драјвер, која ѝ се приклучи на актерската екипа во петтата сезона.
Покрај љубовниот живот на Емили, ќе продолжи и приказната поврзана со Минди; на крајот од петтата сезона, таа се сврши со Николас, иако сè уште постојат чувства меѓу неа и нејзиното поранешно момче, Алфи.
View this post on Instagram
Последното поглавје од хит серијата
Шестата сезона ќе биде и последна. Во текот на пет сезони, Емили патуваше од Чикаго до Париз, потоа се пресели во Рим поради работа – а сега ја очекува уште едно патување.
Последните епизоди пристигнуваат на „Нетфликс“ на 24 декември 2026 година.