Дали и вие сте од оние што со нетрпение ги очекуваа првите ноемвриски денови за да започнат со новогодишните подготовки? Јас сум меѓу нив. За мене, најубавиот дел од празниците се токму подготовките, украсувањето на домот, изборот на подароци и возбудата околу сите моменти што допрва нè очекуваат. А оваа година сакав да им посветам малку повеќе внимание, бидејќи верувам дека токму тие мали детали ја создаваат магичната еуфорија.
Една од првите работи на мојата листа беше новогодишната елка. Веќе подолго време барав некоја што ќе се вклопи во нашиот дом и ќе изгледа убаво. Разгледувајќи ги разновидните понуди на Ananas, едвај се одлучив, но на крајот го најдов токму она што го барав. Дополнително ме израдувa и Black Friday зделката благодарение на која ја купив по навистина поволна цена. Убаво е и тоа што сите цени и понуди се јасно прикажани, па уште пред да се одлучам можам да видам колку навистина заштедувам. Сега со нетрпение ги исчекуваме вечерите поминати во украсување, светилките што ќе ја осветлуваат дневната соба и моментите кога сите ќе се собереме околу неа.
Но, празниците не се само во украсувањето на домот. Тие се и можност да ги израдуваме нашите најблиски. Оваа година посакав да изберам нешто посебно за мојот син, кој обожава да фотографира и е голем љубител на суперхерои. Додека ги разгледував Black Friday понудите на Ananas, го открив детскиот фотоапарат, кој има функција за моментално печатење на фотографиите. Веднаш ми се допадна идејата што ќе може да ги фотографира своите другарчиња, да прават заеднички фотографии и веднаш да ги имаат во раце. Дополнително ме израдува и тоа што е достапен по Black Friday ниска цена. Верувам дека ова ќе биде еден од подароците што најмногу ќе го израдуваат, но и убав начин да ги зачува сите свои мали авантури и спомени.
Секако, на мојата листа имаше место и за нешто што одамна го посакував за себе. Женските патики во беж боја веќе подолго време ми беа на листата на желби. Постојано го одложував купувањето, но кога ја видов на Ananas Black Friday зделката, решив дека е вистинскиот момент да си ги купам. Така, меѓу сите празнични планови, на Ananas пронајдов три производи што имаат посебно место на мојата листа, елка што ќе го разубави нашиот дом, подарок што ќе создава нови спомени и патики што одамна ги посакував. А кога сето тоа ќе го пронајдете со вистински Black Friday ниски цени, подготовките за празниците стануваат уште поубави. Останува само да ги дочекаме првите празнични денови!