„Змејот од Плачковица“ e нова резиденција на „Нови Лица“ во Лабораториум


dragon-from-plackovica-david-josifov-novi-lica.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младиот ликовен уметник од Кочани, Давид Јосифов, во културниот и едукативен центар Лабораториум ќе го претстави своето дело „Змејот од Плачковица“, триптих од скулптури во акрил на метал. Отворањето на изложбата ќе се одржи во четврток на 12. ноември во 20 часот.


Давид е студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и последниве неколку години се фокусирал во ѕидното сликарство. Со „Змејот од Плачковица“, Давид се впушта во тродимензионален израз. Идејата од самиот почеток на резиденцијата беше да се работи со разновидни рециклирани и индустриски материјали кои упатуваат на еколошки и општествени прашања, со посебен фокус на ликот на змејот како заштитник на природата. Делото е развиено во рамки на резиденцијалната програма „Нови Лица“, во соработка со менторот Владимир Благојевиќ, дипломиран етнолог, музејски едукатор, истакнат уметник, илустратор и автор на медиумски програми од областа на уметноста.

Ова е нова резиденција во рамки на програмата „Нови Лица“ во Лабораториум, во која претходно Јана Наскова имаше изложба на фотографии „Од шкафот“, Канита Кеј Зеќировиќ го промовираше фанзинот „Наши“, Кристина Таневска работеше мурал во Лабораториум, а Дамјан Чемерски, Давид Станковиќ и Лука Петковски го презентираа мултимедијалниот музички проект „Dаvidian“.

Иницијативата „Нови Лица“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK