Паника, страв и очај се виде во очите на пратеникот Венко Филипче кој беше матиран со вистината од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата на лидерот на СДСМ дека Мицкоски изнел лаги на расправата.
„Лагите на Венко Филипче и СДС околу Алта банка се срушија како кула од карти и вистината излезе на виделина. Иако тие ја свикаа надзорната расправа за Алта банка, на којашто присуствуваат сите надлежни претставници на институциите и одговараат на нивните поставени прашања, тие веднаш бараа паузи и ја прекинуваа расправата, со една единствена цел, да ја избегнат вистината, којашто оди на штета на Филипче и СДС. Во своето излагање, претседателот Мицкоски, јасно презентираше документ, а тоа е извадок од Нацрт записникот од 194 седница на Владата одржана на 24 октомври 2023 година. Тогаш претседател на Владата бил Димитар Ковачевски и на самата седница на Владата се отворила темата за Алта Банка АД Белград, односно тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими излегува со информација во која бара од Владата да му одобри на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка- Србија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека уште во 2023 година владата на СДС и ДУИ на владина седница му дала насока на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта Банка со истиот овој сопственик, Давор Мацура.
„Затоа Филипче и СДС се гласни, затоа што им се открија нивните задни намери поврзани со Алта банка во Македонија. П.С. Филипче да одговори дали и какви сметки имаат тој и неговите сопартијци во Алта банка?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.