Филипче покажа документ и кажа дека Мицкоски брутално излажал дека СДСМ одлучила за влез на Алта банка


sdsm-filipche-pres-sobranie-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.


„Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа изнесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче.

Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски, рече Филипче, владата на СДСМ ги штити државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка.

„Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштитила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија.

„Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK