Познатиот англиски фудбалски аналитичар и поранешен сопственик на Кристал Палас, Сајмон Џордан, ја критикуваше моменталната спортска политика на Манчестер Јунајтед, нагласувајќи дека клубот итно треба да најде авторитативен менаџер ако сака да се врати во врвот на англискиот фудбал.
Главна тема на презентацијата на Џордан, на „talkSPORT“, беше дилемата околу потенцијалното доаѓање на нов шеф на стручниот штаб кој ќе го замени Мајкл Карик, при што тој јасно ја исклучи можноста Маурисио Покетино да биде долгорочно решение на „Црвените ѓаволи“.
Џордан живописно го опиша аргентинскиот тренер, користејќи традиционален англиски идиом, нарекувајќи го „деверуша“, алудирајќи дека Покетино редовно е при врвот, но никогаш не и на него.
Според него, на Јунајтед не му се потребни долгорочни проекти со добро воспитани тренери, туку челична дисциплина.
„Ако не доведат пристоен менаџер и не го ангажираат Антонио Конте, ќе имаат огромен проблем“, рече Сајмон Џордан на „talkSPORT“, јасно ставајќи до знаење дека само бескомпромисен победник и авторитет како Конте може да внесе ред во соблекувалната на „Олд Трафорд“.
🤦♂️ “He’s a bridesmaid!”
😬 “I’d they don’t get a decent manager and get Conte they’ll have a problem…”
Simon Jordan explains why #MUFC should not be looking to bring in Mauricio Pochettino over Antonio Conte! 🔴👀 pic.twitter.com/526kvsGScM
— talkSPORT (@talkSPORT) November 10, 2026
Има и такви кои велат поинаку и нè потсетуваат дека од истите причини Тотенхем ги ангажираше Антонио Конте и вечниот победник Жозе Мурињо од истите причини, но ниту еден од нив не успеа да го повтори успехот што го имаше Покетино со „Лондонските петли“.
Аргентинецот направи бум и со Саутемптон, но ниту „Светците“ ниту „Петлите“ не се исти како „Црвените ѓаволи“ од Манчестер.
Славниот клуб од „Олд Трафорд“ моментално е во зоната за испаѓање, на 18-то место со само осум бода од 10 натпревари, а во првиот следен натпревар по репрезентативната пауза, гостуваат кај својот најголем ривал, Ливерпул, кој ги победи пред три и пол години на „Енфилд“ со 7:0 (март 2023), а пред пет години на „Олд Трафорд“ со 5:0 (октомври 2021).
Сепак, минатата сезона Мајкл Карик му ја донесе на Јунајтед првата победа (2:1) на „Енфилд“ од 2016 година, додека на „Олд Трафорд“ резултат беше 2:2.
Foto/ Depositphotos