Керик блиску до отказ – Јунајтед најде нов тренер?


two-mangers-meet-ahead-kick-depositphotos_705679174_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маурисио Покетино е подготвен да се врати во Премиер лигата и да седне на клупата на Манчестер Јунајтед, откако е јасно дека клубот ќе го отпушти менаџерот Мајкл Керик. Според британските медиуми, селекторот на американската репрезентација е еден од главните кандидати за наследник на Карик.


Англиските медиуми тврдат, дека во текот на денот, Манчестер Јунајтед ќе му врачи отказ на Мајкл Керик, иако спортскиот директор Џејсон Вилкокс сè уште не донел конечна одлука.

Вилкокс спроведува анализа на состојбата на клубот откако Карик доби шанса да ги подобри резултатите во натпреварите против Челзи, Рома и Астон Вила.

Заедно со Покетино, како можни наследници се споменуваат поранешниот тренер на Њукасл, Еди Хау и Јулијан Нагелсман, до неодамна селектор на Германија. Раководството на клубот не сака да донесе брза одлука и покрај фактот дека Манчестер Јунајтед е во зоната за испаѓање.

Поранешниот играч на Јунајтед, Рој Кин, даде коментар за тренерот Керик, кој е под голем притисок. Кин верува дека Карик „зборува многу, а кажува малку“ и дека мора да „си оди“ за тимот да игра подобро. Неговиот коментар дојде откако Јунајтед одигра 4:4 против Астон Вила.

Маурисио Покетино ја започна својата тренерска кариера во Еспањол во јануари 2009 година. Четири години подоцна тој го презеде Саутемптон и заврши на осмото место во Премиер лигата во својата прва сезона, што му обезбеди работа во Тотенхем.

Тој го водеше лондонскиот клуб пет години, од него создаде еден од најконкурентните тимови во Англија, освои место меѓу првите четири тима на Премиер лигата четири пати по ред и стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година, во кое загуби од Ливерпул.

Во јануари 2021 година, тој го презеде Пари Сен Жермен, со кого го освои француското првенство, францускиот Куп и Суперкупот, а по заминувањето од Париз се врати во Англија и во сезоната 2023/24 го предводеше Челзи до шестото место и пласман во Лигата на Европа.

Во септември 2024 година, тој стана селектор на репрезентацијата на САД, која ја предводеше на Светското првенство во 2026 година, а во август истата година, се согласи да го продолжи договорот до 2030 година.

„Би-Би-Си“, пишува дека доколку Јунајтед се реши за Покетино, ќе мора да плати обесштетување од 10 милиони долари.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK