Линдзи Вон уште еднаш докажа дека закрепнувањето од сериозна несреќа нема да ја спречи да изгледа гламурозно и шик.
Линдзи Вон минува низ бавно, но успешно закрепнување по неколкуте операции, кои беа неопходни поради повредата здобиена на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо.
Иако ја очекува уште една, деветта операција, американската скијачка не пропушти можност да заблеска на еден гала настан во Лос Анџелес. Таа присуствуваше на хуманитарниот настан „LACMA Art + Film“, при што се одлучи за креации од брендот „Гучи“.
View this post on Instagram
Носеше асиметричен фустан во индиго-сина боја, кој ѝ прилепуваше на телото и ја истакнуваше нејзината витка фигура. Фустанот имаше висок шлиц – кој откриваше дел од нејзиниот заден дел – како и едно откриено рамо, што претставуваше најженствениот детал на креацијата.
Овој драматичен и впечатлив изглед го заокружи со црни кожни чевли со високи потпетици – исто така од „Гучи“ – и мала елегантна чанта.
View this post on Instagram
Својата препознатлива руса коса ја стилизираше во бранови, а за шминката се одлучи за класичен стил со smokey eye, што дополнително ги истакна нејзините сини очи.