Илди Пекар – козметичарката на Линдзи Елингсон, Миранда Кер, Ирина Шајк и многу други познати модели – ги открива тајните зад негуваниот изглед на овие славни личности.
За соодветна нега на кожата не се потребни скапи третмани или козметички процедури за „подобрување“ на цртите на лицето. Илди Пекар, естетичарка на славните, споделува неколку едноставни трикови и совети за убавина што секоја жена може лесно да ги вклучи во својата секојдневна рутина.
1. Наместо традиционално миење на лицето наутро, моделите користат тонер
Ако сте забележале дека кожата ви е помрсна од вообичаено, или дека ви се појавуваат акни и покрај сите напори да го контролирате вишокот себум, можеби вие самите сте виновни за тоа. Пречестото миење на лицето може да го оштети површинскиот слој на кожата и да ги отстрани природните масла, што доведува до нерамнотежа.
Илди препорачува навечер, пред спиење, да користите средство за чистење со посилно дејство, додека наутро е доволно да употребите само тонер за освежување и чистење на кожата. Што е најдобро, тонерот помага во балансирање на pH вредноста на кожата, осигурувајќи таа да не биде ниту премногу сува, ниту премногу мрсна.
2. Одржуваат здрава телесна тежина и избегнуваат шеќер
Покрај општите здравствени придобивки, избегнувањето на шеќерот има значително влијание врз кожата. Шеќерот го забрзува стареењето и придонесува за појава на акни и предвремени брчки. Ова се случува поради процес наречен гликација – при што шеќерот во крвотокот формира молекули кои ги уништуваат колагенот и еластинот.
Накратко, исфрлањето на слатките помага во спречување на предвременото стареење. „Јо-јо ефектот“, кој е последица на лошиот избор на исхрана, исто така значително влијае на кожата. Постојаното качување и губење на килограми предизвикува растегнување на кожата, што влијае на нејзиниот изглед.
3. Редовно посетуваат козметичар
Можете да ја подобрите состојбата на кожата и да спречите оштетувања преку редовни посети на козметичар за третмани на лицето – барем еднаш месечно. Многу луѓе чекаат да забележат промена или проблем на лицето пред да побараат стручна помош; сепак, редовните посети можат да помогнат воопшто да не дојде до појава на такви проблеми.
4. Повремено не користат крема со заштитен фактор
Иако можеби звучи помалку глупаво, Пекар тврди дека кремата со заштитен фактор не е секогаш неопходна. „Многу луѓе не се свесни колку овие креми ги затнуваат порите на лицето – особено кога воопшто не се потребни“, вели Илди.
Ако знаете дека целиот ден ќе го поминете дома, во канцеларија или каде било во затворен простор – подалеку од изложеност на сонце – можете да го прескокнете кремот за сончање.
Ова не само што ќе помогне да се спречи појавата на акни, туку и ќе ви овозможи да добиете здрава дневна доза на витамин Д, чие производство се поттикнува од сончевата светлина.
5. Ја одржуваат кожата хидрирана
Водата е клучот за здрава, убава кожа без брчки. Хидрираноста на целото тело е од суштинско значење за одржување и на здравјето и на изгледот. Обидете се да пиете еден литар вода на секои 25 кг телесна тежина – наскоро ќе ја забележите разликата!
6. Редовно вежбаат
Ако ви требаше уште една причина да се запишете на зумба или на часови по фитнес – еве ја! Кога вежбате, крвта и хранливите материи доаѓаат до површината на кожата и ја стимулираат, давајќи ѝ младешки и здрав изглед.