СДСМ: Ќе поднесеме закон согласно барањата на професионалните војници


armiski-vozila-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање, соопштија од партијата.

„Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива. Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум. По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата. Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати. Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите“, велат од СДСМ.

Тие обвинија дека откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата.

„СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници – за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници. Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK