„Гардијан“: Русија договорила испорака на 90 ракетни лансери за Иран


vladimir-putin-depositphotos_64916281_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија се договорила со Иран за испорака на 90 лансери за напредни наведувани ракети, покажуваат интерни документи на руската одбранбена индустрија, до кои дошла украинската приватна разузнавачка компанија „Далас аналитикс“, а ги објави британски „Гардијан“.


Станува збор за лансери за наведувани ракети ЛМУР, кои се истрелуваат од борбени хеликоптери и кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Според документите, рускиот производител „Вимпел“ во мај 2024 година изработил план за испорака на 90 лансери во рамки на извозен договор со ознака „К-10“. Испораките биле планирани од крајот на 2024 до декември 2025 година, а посебен документ потврдува дека договорот се однесувал на Иран.

Сепак, од документацијата не може да се утврди дали лансерите навистина биле испорачани.

Откритието укажува на проширување на воената соработка меѓу Москва и Техеран, која значително се засили по почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Русија претходно ги негираше извештаите дека му испорачува воена опрема на Иран за користење во актуелниот конфликт.

Според „Гардијан“, документите откриваат и проблеми во руската воена индустрија, вклучително и недостиг од компоненти и доцнења во производството на ракетни лансери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK