Трамп го прогласи Овалниот кабинет за национален споменик


trampdepositphotos_679135202_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи Овалниот кабинет во Белата куќа за национален споменик, со цел да го заштити неговиот историски и архитектонски изглед од значителни промени во иднина, пренесува „Би-би-си“.


Трамп во четвртокот (5 ноември) потпиша претседателски проглас со кој посебен статус добија Овалниот кабинет, соседните простории и салата за состаноци со членовите на администрацијата.

„Го прогласуваме за национален споменик и никој нема да смее да го допира, уништува или руши“, изјави Трамп, нагласувајќи дека Овалниот кабинет е еден од најпрепознатливите симболи на САД.

Сепак, прогласот не им забранува на идните претседатели да го менуваат мебелот и декорациите, ниту да вршат вообичаени безбедносни и функционални приспособувања, доколку не ја нарушуваат историската структура на просториите.

Според документот објавен од Белата куќа, за заштитата на просториите ќе биде задолжена Службата за национални паркови, а поголемите интервенции ќе подлежат на дополнителна проверка.

Трамп за време на својот втор мандат го преуреди Овалниот кабинет, додавајќи бројни златни украси. Правни експерти за Би-би-си посочуваат дека новиот статус не значи дека идните претседатели ќе мора да го задржат неговото уредување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK